Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Загрижувачка анкета на АЕК: Малолетниците во просек по 5 часа дневно на интернет!
    Економија

    Загрижувачка анкета на АЕК: Малолетниците во просек по 5 часа дневно на интернет!

    06/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Непостојана брзина на конекцијата, прекини/недостапност на услугата и проблеми со техничката опрема се најчесто наведени проблеми при користење на интернет, покажува најново испитување на јавното мислење од аспект на заштита на претплатниците на електронски услуги, на Агенцијата за електронски комуникации.

    Анкетата била спроведена од 18 мај до 5 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници од популација на возраст од 18 и повеќе години, претплатници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија.

    Според анкетата, кај 34,1 процент од домаќинствата, интернет пристап користат малолетни лица, при што во 80,7 проценти од случаите, малолетните лица секојдневно го користат интернетот во домаќинството. Најголем дел или 78,2 проценти во просек поминуваат до пет часа дневно приклучени на интернет.

    Свесност за софтвер за родителска контрола кој на лицата помлади од 18 години ќе им овозможи безбеден интернет, постои кај 63,5 проценти од испитаниците. Ваков софтвер имаат инсталирано 25,9 проценти од домаќинствата, додека од оние испитаници кои немаат инсталирано таков софтвер, а знаат дека истиот постои, 58,6 проценти би инсталирале. Од оние испитаници кои имаат позитивен став кон инсталирање на софтвер за родителска контрола, 17,3 проценти знаат каде можат да најдат ваков софтвер.

    Како што стои во наодите од анкетата, интернет во домаќинството користат 94,1 процент од испитаниците. Најголем дел се претплатници на А1 (39,3 проценти) и Македонски Телеком (37,8 проценти), додека 12,8 проценти се корисници на интернет од Телекабел. Иако не сите испитаници имаат интернет приклучок во домот, 99,9 проценти користат интернет. Од испитаниците кои имаат интернет пристап во своето домаќинство, 36,6 проценти знаат која е брзината на интернет конекцијата што треба операторот да ја обезбеди, а од нив 87,8 проценти сметаат дека ја добиваат предвидената брзина и количество на податоци од интернет провајдерот, се наведува во резултатите.

    Нешто повеќе од една четвртина или 27,4 проценти од испитаниците се соочиле со некаков проблем при користење на интернет во домаќинството, односно во 2025 година 72 проценти од испитаниците немале проблем со својата интернет конекција во домаќинството.

    – Најчести проблеми со интернетот се наведени непостојана брзина на конекцијата (19,8 проценти), прекини/недостапност на услугата (16,1 проценти), и проблеми со техничката опрема (7,9 проценти). Поради прекини или недостапност на услугата во последните 12 месеци, 47,5 проценти од домаќинствата го контактирале интернет провајдерот и кај 54,7 проценти проблемот бил отстранет истиот ден, стои во клучните наоди од анкетата.

    Приближно една четвртина или 24,3 проценти од домаќинствата со интернет пристап имаат приговарано телефонски до својот оператор, а потполно задоволни се 40,1 процент од нив. Писмен приговор упатиле само еден процент од испитаниците, стои во резултати од анкетата на АЕК

    Поврзани вести:

    Министерството за енергетика објави список на корисници на субвенции за ранливи потрошувачи во 2025 година

    Министерството за енергетика објави список на корисници на субвенции за ранливи потрошувачи во 2025 година

    Димитриевска-Кочовска: Македонија е на трето место во Европа по раст на БДП

    Димитриевска-Кочовска: Македонија е на трето место во Европа по раст на БДП

    Раст на БДП од 3,8 отсто во третото тримесечје

    Раст на БДП од 3,8 отсто во третото тримесечје

    Божиновска го свика првиот заеднички состанок на Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО

    Божиновска го свика првиот заеднички состанок на Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО

    Нова потенцијална инвестиција на германската компанија Heidelberger Postpress во ТИРЗ

    Нова потенцијална инвестиција на германската компанија Heidelberger Postpress во ТИРЗ

    Димитриеска-Кочоска домаќин на словачкиот колега Каменицки

    Димитриеска-Кочоска домаќин на словачкиот колега Каменицки

    аек интернет малолетници
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Министерството за енергетика објави список на корисници на субвенции за ранливи потрошувачи во 2025 година

    05/12/2025

    Димитриевска-Кочовска: Македонија е на трето место во Европа по раст на БДП

    05/12/2025

    Голем дел од интернетот падна: Нов голем проблем со Cloudflare

    05/12/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.