Денеска во дворот на Општина Кисела Вода се одвиваше инклузивна акција за садење цвеќе. Во активноста учествуваа децата со церебрална парализа, нивните родители, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, советниците од општинскиот Совет, како и волонтери од здруженијата „КрафтКонект Дубица“ и „Златни Ангели“.
Оваа активност испрати силна порака за важноста на вистинската инклузија и потребата секое дете да биде активно вклучено во општеството.
„Како локална самоуправа, продолжуваме со нашите системски заложби за поддршка на децата со церебрална парализа и нивните семејства. Кисела Вода континуирано создава услови каде инклузивноста е секојдневна пракса, а секој поединец е целосно прифатен“, изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
