Додека цените на нафтените деривати на светските пазари осцилираат од час во час, цените на бензинските пумпи во Македонија остануваат тврдоглаво високи, согласно куповната моќ, констатираат од Левица.
Според нив, ова е последица на систем во кој државата и нафтените компании функционираат во симбиоза на штета на граѓаните.
„Во вакви услови, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), која треба да биде заштитник на јавниот интерес, со своите правилници и методологии ја бетонира високата основица за пресметка на цените. Наместо итно да интервенира, РКЕ се повикува на административни процедури, со што им
остава простор на нафтените компании да ги задржат високите маржи и да остваруваат екстра-профити,” соопштија денеска од Левица.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
