Србија денес се сеќава на атентатот врз поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ, кој беше убиен пред 23 години во Белград. Тој беше застрелан од снајпер додека влегувал во зградата на Владата.
По атентатот во Србија беше прогласена вонредна состојба, а полицијата ја започна големата акција „Сабја” против организираниот криминал. За убиството беа осудени повеќе лица, меѓу кои и Милорад Улемек – Легија.
Сепак, и по повеќе од две децении, политичката позадина на атентатот не е целосно разјаснета.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
