Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Уставниот суд ги отфрли иницијативите против системот „Безбеден град“
    Република

    Уставниот суд ги отфрли иницијативите против системот „Безбеден град“

    11/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Уставниот суд на денешната седница ги отфрли сите иницијативи со кои се оспоруваше уставноста на измените во Законот за прекршоци поврзани со системот „Безбеден град“.

    Судиите оценија дека законските измени не се спротивни на Уставот и ги отфрлија иницијативите поднесени од двете крила на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и Арбен Таравари, како и од студентот Или Пачуку, со кои се бараше поништување на спорните одредби.

    Иницијативите се однесуваа на делови од законот поврзани со доставата на известувања, издавањето записник за сторен сообраќаен прекршок со сообраќаен патен налог, како и прифаќањето или неприфаќањето на одговорност за прекршок. Подносителите укажуваа и на тоа дека системот „Безбеден град“ се применува само во Скопје, Куманово и Тетово, а не на целата територија на државата.

    Судијката известител Ана Павловска-Данева посочи дека кога станува збор за употребата на албанскиот јазик во пораките и известувањата што ги добиваат граѓаните, нема потреба во секоја поединечна одредба експлицитно да се наведува примената на Законот за употреба на јазиците. Таа нагласи дека во Законот за прекршоци нема одредби што ја оспоруваат употребата на јазиците.

    Во однос на забелешките за можност од злоупотреба на личните податоци, Павловска-Данева истакна дека постои Закон за заштита на личните податоци и дека Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за заштита на лични податоци дале согласност за заштита на приватноста на граѓаните.

    Пред Уставниот суд сè уште е во постапка друг предмет поврзан со системот „Безбеден град“, кој се однесува на одредби од Кривичниот законик, меѓу кои и можноста за одземање на возила.

    На истата седница, Уставниот суд одлучи и да ја запре постапката за оценување на уставноста на измените на Законот за платите на судиите од 2024 година, бидејќи тие повеќе не се дел од правниот поредок. Истовремено, по сопствена иницијатива е поведена постапка за оценување на новите измени од февруари годинава.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.