Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска сподели дека започнала реконструкцијата на јавните пешачки површини кај ТЦ „Три бисери“. Со овој проект ќе се уредат околу 4.000 квадратни метри јавен простор, на потегот покрај булевар „Јане Сандански“ – од зграда број 7 до зграда број 11. При тоа, како што посочи градоначалникот, старите и дотраени павер-елементи ќе се заменат со нови и современи, со што овој фреквентен дел од Аеродром ќе добие модерен, уреден и побезбеден изглед.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
