Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Вардар со победата во Германија си обезбеди полесен пат до Ф4 турнирот на Лига Европа
    Спорт

    Вардар со победата во Германија си обезбеди полесен пат до Ф4 турнирот на Лига Европа

    11/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Ракометарите на Вардар вечерва остварија победа во последниот натпревар од групата совладувајќи го бундеслигашот Мелсунген со 34:25 и со тоа го освоија првото место во групата и директен пласман во четвртфиналето од Лига Европа. Пласманот во четвртфиналето значи дека „црвено-црните“ ќе бидат слободни во следната фаза.

    Избраниците на Иван Чупиќ од почетокот покажаа дека се подготвени за триумф и поведоа со 6:1. Но, домаќинот успеа да изедначи на 7:7. Сепак Вардар со нова серија од 4-0 повторно дојде до водство и на полувреме беше 17:12 за македонскиот претставник.

    На стартот од вториот дел Вардар поведе и со 8 разлика (21:13), а во финишот на дуелот оваа предност ја имаше и во уште два наврати што беше најава на новата победа.

    Вукашин Воркапиќ и Жоао Педро да Силва кај Вардар по шест пати се запишаа во листата на стрелци и беа најефикасни кај победничката екипа.

    На вториот дуелот од групата Бенфика – Кристијанстад 22:30.

    Вардар го освои првото место со 8 бодови, Мелсунген е втор со 6, третото место му припадна на Кристијанстад со 6, а Бенфика е последна со 4 бодови.

    Последната пречка за пласман на Ф4 турнирот на Европската лига ќе му биде подобриот од мечот Монпеље – Елверум. Ф4 ќе се игра на од 29 до 31 мај во Хамбург, а доколку се пласира, противник на Вардар во полуфиналето ќе биде екипата на Кил.

    Поврзани вести:

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    Убава вест за Илија Несторовски: Ќе добие пари што му ги должи банкротираниот Палермо

    Убава вест за Илија Несторовски: Ќе добие пари што му ги должи банкротираниот Палермо

    Хари Кејн испиша историја: Израмни рекорд стар 78 години

    Хари Кејн испиша историја: Израмни рекорд стар 78 години

    Англија демонстрираше сила во Мадрид – Шпанија загуби по 968 дена

    Англија демонстрираше сила во Мадрид – Шпанија загуби по 968 дена

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вардар германија победа ракомет ф4
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    19/11/2026

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    16/11/2026

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    16/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.