Изградбата на новата детска градинка во Стопански Двор продолжува со одлична динамика, откако беа отстранети неколку пречки кои ја забавуваа реализацијата на проектот, сподели денеска преку социјалните мрежи градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
На приземјето ќе бидат сместени две јаслени групи за околу 30 дечиња на возраст од 0 до 2 години, додека на првиот кат ќе функционираат четири занимални за повозрасните. Вкупниот капацитет ќе надмине 100 деца во предучилишна возраст.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
