Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека се отпочнати градежните активности за обезбедување на нова водоводна мрежа и нова улица за жителите на улица „Лисец“ во Горно Лисиче.
„По години запоставеност и нерешени проблеми, конечно започнуваме со конкретни чекори кои носат вистинска промена за жителите на оваа улица. Заедно со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Иван Митровски, го означивме почетокот на градежните активности за проект кој значи подобар и подостоинствен живот за овој дел од градот“, истакна Ѓорѓиевски.
Проектот опфаќа изградба на целосно нова водоводна мрежа, поставување тампонски слој и нов асфалт, со што трајно ќе се реши водоснабдувањето и инфраструктурата за стотици жители.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
