Денеска претпладне беше пријавено дека во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани е поставена бомба. Веднаш беше спроведена евакуација на сите ученици и вработени од училиштето.
Полицијата изврши детална проверка на објектот, по што беше утврдено дека се работи за лажна дојава и дека нема никаква опасност за безбедноста на учениците и персоналот.
По завршената контрола, наставата во училиштето продолжи нормално.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
