Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“: Нови сведоци денеска во „Идризово“
    Република

    Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“: Нови сведоци денеска во „Идризово“

    05/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со сослушување на сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

    На претходното рочиште сведочеа членови на бендот ДНК и гости кои ја преживеале трагедијата, опишувајќи што се случувало во ноќта на 16 март минатата година. Во пожарот тогаш загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    Како сведок исказ даде придружниот вокал Ана Костадиновска. Таа на прашањата од Обвинителството и одбраната околу поставувањето и активирањето на прскалките изјави дека не знае кој ги местел, ниту пак некогаш видела кој ги поставува во клубовите каде што настапувала групата ДНК. Посочи дека можно е тоа да го правело техничко лице од клубот.

    Говорејќи за моментот кога избувнал пожарот, Костадиновска наведе дека кратко по почетокот на настапот почувствувала топлина, по што вокалот Панчо ги повикал присутните да излезат. Сепак, според неа, во првиот момент многумина не сфатиле дека ситуацијата е сериозна.

    Музичарот Горан Тонев, кој настапувал како надворешен соработник со бендот, изјави дека пиротехничките средства биле веќе поставени кога се качиле на бината, но дека не знае кој ги поставил ниту кој ги активирал. Тој сведочеше дека огнот се проширил многу брзо и дека просторот брзо се исполнил со густ чад.

    Двајца преживеани гости изјавиле дека по активирањето на прскалките се запалил дел од таванот, по што настанала паника и стампедо кон излезите.

    Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднините на жртвите и јавноста. Постапка се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност.

    Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна за време на настап на групата ДНК и се смета за една од најтешките трагедии во поновата историја на државата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со сослушување нови сведоци.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.