Врсничкото насилство никако да спласне во Скопје. Напротив. Скопската полиција евидентирала три одделни пријави за физички напади во еден ден врз ученици во основни училишта на подрачјето на Ѓорче Петров и Чаир.
Вчера татко пријавил дека на 27 февруари во основно училиште во општина Ѓорче Петров неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од друг ученик, при што се здобил со тешки телесни повреди, информираа од МВР.
Втората пријава била поднесена од 43-годишна скопјанка, која навела дека во основно училиште во Чаир, нејзината 14-годишна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка.
Во третиот случај од вчера пак, од родител кажал дека во дворот на основно училиште во Чаир, неговиот 15-годишен син бил нападнат од неколку малолетници од друго училиште.
Ваквите насилстава загрижуваат и бараат поголема ангажираност и од уЧилиштата и од родителите и од полицијата.







