Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за реконструкција на улицата „Светозар Марковиќ” во населбата Ново Маало.
Реконструкцијата на улицата опфаќа површина од 1.310 м² и должина од 210 метри. Во моментот на терен се поставува нов асфалт, а со реконструкцијата е предвидено проширување на улицата, нови рабници и тротоари, ново улично осветлување и поставување атмосферска и фекална канализација.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







