За случај од 2020 година, кога осуденикот Фитим Муслиу во „Идризово” бил тепан од полицаец доби епилог пред Европскиот суд за човекови права, кој вчера донесе пресуда во негова корист. Во врска со настанот, претходно била поднесена кривична пријава против командир на затворската полиција во КПД Идризово, но Обвинителството ја отфрлило.
Пред Судот во Стразбур, Муслиу се жалел на повреда на член 3 од Европската конвенција за човекови права, тврдејќи дека бил изложен на нечовечко постапување од затворскиот службеник и дека домашните власти не спровеле ефективна истрага за наводите.
Од Владата била поднесена унилатерална декларација со која признала повреда на Европската конвенција и се обврзала на осуденикот да му исплати 11.295 евра како надомест за нематеријална штета.
