Иницијативата „Стоп за Усје” ја објави целосната програма за утрешниот „Блокадафест”, кој од 15 до 23 часот ќе се одвива пред влезот на Цементарницата во Скопје.
Како што напишаа на својот фејсбук профил, протестот ќе биде волонтерСки подржан и од следниве уметници: диџеј Александар Јорданов, диЏеј Чваре, диџеј Ендрју Мелер, ‘Новиот Почеток’, ‘Хајка’, ‘Луфтханза’, ‘Животни’ и други.
Веќе неколку дена од граѓанската иницијатива ги повикуваат граѓаните утре да им се придружат на осумчасовната блокада. Тие бараат дислокација на Цементарницата, како и поставување мерни станици чии податоци ќе бидат јавно достапни и следливи во реално време.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
