Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива во зимски услови, но по суви коловози, информира ЈП „Македонијапат“. Од претпријатието посочуваат дека сите патни правци се проодни и нема поголеми пречки во одвивањето на сообраќајот.
Сепак, на дел од патиштата што минуваат низ усеци и клисури постои можност за појава на помали одрони, поради што се препорачува зголемена внимателност кај возачите.
Надлежните апелираат учесниците во сообраќајот да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
