Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, информира Управа за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе засилува и на места ќе достигнува брзина до 50 км/ч.
Минималните температури ќе бидат од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачат меѓу 9 и 16 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер, кој во одредени делови од котлината повремено ќе засилува. Утринската температура ќе спушти до 1 степен, а дневната ќе достигне до околу 13 степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
