Центарот за јавно здравје од Охрид им дозволи на жителите на Струга да ја користат водата од градскиот водовод за техничка употреба, додека за пиење и понатаму е забранета. Според нивните анализи матноста на речиси на сите локации се спуштила на околу 1,70 единици.
Во меѓувреме Обвинителството води истрага и поради основани сомненија за „Незаконита експлоатација на минерални суровини” и „Загадување на водата за пиење”, доставило предлог со барање за забрана за правните лица да продолжат со експоатацијата на камен додека трае постапката.
Во Струга веќе две недели водата од градскиот водовод е небезбедна откако матноста беше за 30 пати повисока од дозволеното, а причината се лоцираше во две компании што вршеле ископи во непосредба близина на изворот Шум, без да го обезбедат.
