Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје” најави осумчасовна блокада пред влезот на Титан Усје на 27 февруари, под слоганот „Блокада фест”, со почеток во 15 и завршување во 23 часот.
Од иницијативата порачуваат дека настанот нема да биде само блокада, туку, како што наведуваат, „гласен, жив и солидарен отпор”. Тие најавуваат и дополнителна програма и учество на изведувачи, чии имиња ќе бидат соопштени во наредниот период.
Демонстрантите повторно ќе ги истакнат своите барања за дислокација на Цементарницата, како и поставување мерни станици чии податоци ќе бидат јавно достапни и следливи во реално време.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
