За православните верници од денеска почнува Велигденскиот пост што ќе трае седум седмици до големиот празник христијански Велигден, кој годинава се прославува на 12 април.
Ако порано постот беше одлика на постарите личности, сега полека таа слика се менува оти почнаа и се повеќе млади лица да го практикуваат тоа. Видливо е дека дел од младината е се поприсутна и во црквите.
Инаку, најстрогиот пост предвидува постење на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло и вино. Риба може да се јаде. Денеска и во следните два дена до среда не се јаде ништо, се пости само со вода.
Велигденскиот пост е најстрогата форма на постење. А постот значи воздржување телесно и духовно.
Првпат Велигденски пост се спомнува на крајот од II век и траел само три дена. Сегашниот Велигденски пост се практикува од V-от век.
