„Наследивме урнат град, институции без ред и дисциплина, систем што одамна престанал да работи. Затекнавме град претворен во депонија, расипани машини, автобуси затворени во гаражите и сето тоа збогатено со долг од речиси 300 милиони евра”, истакна синоќа Орце Ѓорѓиевски на отчетот на првите 100 дена од неговиот мандат, порачувајќи дека сега градската управа покажала како се работи.
Тој посочи дека во овој период намален е долгот за повеќе од 40 милиони евра преку кратење на непродуктивните трошоци и зголемување на приходите преку финансиска дисциплина. Напомена дека за два месеца решен е проблемот со неисплата на платите на вработените во јавните претпријатија, а во тек е и ревизија и реорганизација на градската управа.
За загадувањето на воздухот, Ѓорѓиевски рече дека е проблем којшто не може да се реши преку ноќ, но дека обврска на градот е да делува.
