Струга е се уште без чиста вода за пиење. Истражните органи испитуваат што довело до заматување на изворот и кој го сторил тоа. Градоначалникот Менди Ќира објасни дека најверојатно причина за загадувањето е ископувањата за експоатација на камен вршени од две компании во изминатите години.
На терен биле констатирани длабоки ископувања и сериозни оштетувања на просторот кај изворите во струшкото село Шум, што, како што рече градоначалникот, ќе бидат тешко санирани.
Тој додаде дека станува збор за сериозна институционална аномалија и најави дека ќе се бара кривична одговорност од сите кои со своите дејствија или недејствија придонеле за оштетување на екосистемот и загадување на водата.
И така, поради дупки во институциите, некој направил огромни дупки кај изворите, па сега Стружани се снаоѓаат со вода од цистерни. Ќе одговара ли некој за ова?
