Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер”, „9 Мај”, „Дебарца” и „Васил Стефановски”, информираат од Центар.
Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Надзорите ќе продолжат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан
простор.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
