Во првите 100 дена од новиот мандат, Општина Ѓорче Петров реализираше низа инфраструктурни, образовни и развојни активности, со фокус на капитални инвестиции, подобрување на условите за живот и долгорочно планирање на локалниот развој, изјави градоначалникот Александар Стојкоски.
Како најважни активности тој ги посочи: изградбата на над 10.000 метри нови коловози, 800 метри нови патишта во Кучково, нов пат во Никиштани, нови патни решенија во Орман и нов главен пат кон Ново Село. Имало инвестиции и во образованието.

