Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одобрил финансиска поддршка за 125 граѓани кои се соочуваат со нарушена здравствена состојба или тешка материјална положба.
Еднократната помош е наменета за покривање на трошоци поврзани со лекување, нега и секојдневна поддршка. Висината се утврдува според
индивидуалните потреби, а износите се движат од 3.000 до 25.000 денари.
Мерката ќе продолжи и оваа година, со цел да се помогне на жителите на Општина Центар што се соочуваат со здравствени и материјални потешкотии.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
