Охрид и Охридското езеро не се доволно заштитени, за ова не опоменува и УНЕСКО. Македонија испрати владина делегација, засилена со градоначалниците на Охрид и Струга во Париз во УНЕСКО за да ја увери меѓународната организација дека овојпат сериозно ќе се грижат за охридскиот регион и да не биде ставен на листата на светско наследство „во опасност”.
Македонската делегација ги потврдила определбите на државата да ги спроведува преземените обврски и сериозна заштита на регионот.
Значи, ќе имаат државните институции многу работа. Тој регион врие од дивоградби. Државниот завод за ревизија, во Охрид изброја 4.847 нелегални објекти, а ниту еден не е урнат, и покрај 456 правосилни одлуки уште периодот 2019 – 2024 година.
УНЕСКО побарал конкретни мерки со прецизни рокови. Ова не остава простор за долги планирања и ветувања дека ќе се почне со работа.
Дали Македонија е подготвена да го направи тоа? И не само заради барањата на УНЕСКО туку заради самите нас, оти Охрид е бисерот на Македонија кој не смееме да дозволиме да потемне.
