Денеска се постави камен-темелник за нова спортска сала во училиштето „Димо Хаџи Димов” во Карпош. Објектот ќе има и трибини за 400 гледачи.
Како што рече градоначалникот на Карпош, Сотир Луковски, салата ќе биде градена по највисоки стандарди, пропишани од сите меѓународни спортски федерации.
Покрај тоа што во салата учениците ќе можат да имаат квалитетни часови по физичко воспитание, клубовите од општината ќе можат да одржуваат тренинзи.
Покрај салата, училиштето ќе добие дополнителни седум училници, што ќе овозможи спроведување едносменска настава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
