Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Протест пред Собранието: ССМ бара повисоки плати за работниците и намалување на функционерските плати
    Република

    Протест пред Собранието: ССМ бара повисоки плати за работниците и намалување на функционерските плати

    10/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Сојузот на синдикати на Македонија денеска во 9 часот ќе го блокира пристапот до Собранието, со што ќе започнат блокади на институции за кои од ССМ велат дека го кочат зголемувањето на минималната плата. Предвидено е да бидат блокирани улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ кај зградата на законодавниот дом.

    Од ССМ порачуваат дека со блокадата сакаат да испратат јасна порака до пратениците, кои според нив повеќе од една година го блокираат законот за зголемување на минималната плата, како и иницијативата за намалување на функционерските плати.

    Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека пратениците и понатаму не ја прифаќаат иницијативата за зголемување на минималната плата и на останатите плати за 100 евра, како и предлогот функционерските плати да се намалат за 80 проценти, односно основицата за нивна пресметка да се намали од просечна на минимална плата.

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, најави дека работата на законодавниот дом ќе продолжи и покрај протестот. Тој изрази очекување дека протестот ќе помине мирно и дека нема да има дополнително обезбедување, бидејќи МВР ќе постапува според редовните безбедносни протоколи.

    Гаши очекува да бидат блокирани само влезовите за возила, додавајќи дека пратениците ќе можат да дојдат на работа пеш. Во однос на барањата за минимална плата од 600 евра и линеарно зголемување на останатите плати за 6.000 денари, тој рече дека секоја политичка партија ќе заземе сопствен став.

    Премиерот Христијан Мицкоски повтори дека минималната плата ќе се зголеми согласно законските решенија, но дека Владата не го прифаќа предлогот државата привремено да ги финансира придонесите на работодавачите. Тој посочи дека Владата ќе поддржи договор меѓу работодавачите и работниците, но предупреди дека во Буџетот нема средства за дополнителни обврски. Мицкоски најави и корекција на коефициентите за платите на функционерите до крајот на февруари.

    Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, изјави дека прашањето за минималната плата е чувствително и дека решенијата не треба да се носат под притисок. Тој информира дека се очекуваат податоците од Државниот завод за статистика и дека во март ќе има законско усогласување на платите од 1.500 до 2.000 денари.

    Дурмиши додаде дека дијалогот за платите во јавниот сектор е заокружен, откако Владата постигна договор со дел од репрезентативните синдикати за зголемување на платите на околу 11.000 административни работници, по претходните договори во здравството, образованието, одбраната и полицијата .

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.