Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Снежната покривка на Попова Шапка достигна 55 сантиметри
    Република

    Снежната покривка на Попова Шапка достигна 55 сантиметри

    07/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Утрово најстудено е на Попова Шапка, каде се измерени нула степени, додека најмногу врнежи во изминатите 24 часа има во Крушево — 27 литри на метар квадратен. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, значителни врнежи се регистрирани и на Попова Шапка со 24 литри на метар квадратен, како и во Охрид и Лазарополе со по 23 литри. Во Тетово и Маврови Анови се измерени 22 литри, во Пожаране 18, во Тополчани 14, во Прилеп 13, а во Битола и Претор по 12 литри на метар квадратен.

    Во Скопје-Зајчев Рид се измерени 10 литри врнежи, во Крива Паланка 8, во Скопје-Петровец и Виница по 6, во Куманово и Ѓуриште по 4, во Велес и Кавадарци по 3, а во Штип, Струмица, Гевгелија и Берово по 2 литри на метар квадратен. Најмалку врнежи се регистрирани во Демир Капија и Пожар-Радовиш — по 1 литар на единица површина.

    Снежната покривка на Попова Шапка изнесува 55 сантиметри.

    До 08:30 часот утринската температура изнесувала два степена во Берово, Крушево и Маврови Анови, три во Лазарополе, четири во Скопје-Петровец и Крива Паланка, пет во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Прилеп, Штип, Виница и Кавадарци, шест во Куманово, Претор, Демир Капија и Струмица, а седум степени во Охрид, Велес и Гевгелија.

    Денеска времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Претпладне се очекува слаб локален дожд, а по одделни котлини појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта најпрвин во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои на повисоките планини во северозападните делови ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој на места повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе се движи од 11 до 18 степени.

    Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне околу 15 степени.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.