Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Манасиевски: Ги градиме темелите на земјоделството
    Политика

    Манасиевски: Ги градиме темелите на земјоделството

    28/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Прес конференција на Валентин Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ:

    Во првите 12 месеци од работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги постави темелите на вистинскиот развој во земјоделството преку навремени и редовни исплати на субвенциите, подобрени откупни цени и услови, реформи и силна поддршка за земјоделците, преку најавени мерки за зголемување на земјоделството кај младите.

    До пред само една година главни вести беа протести пред Влада, протести на регионалните и локалните патишта, кога заради ниските откупни цени се фрлаше храна на депонии. Каналите кои требаше да служат за наводнување беа руинирани и неисчистени, субвенциите доцнеа и имаше неисплатени средства дури и до 2018 година. Платите на голем број институции под МЗШВ беа нередовни. Едноставно, земјоделците беа заборавени на маргините.

    За само една година, исплатени се над 8.6 милијарди денари заостанати и тековни субвенции, со што над 70.000 земјоделци добија финансиска поддршка. Во делот на земјоделското земјиште, склучени се вкупно 2.109 договори за закуп на државното земјиште со вкупна површина од околу 6000 хектари.

    Откупната цена на тутунот од прва класа е зголемена од 375 на 400 денари по килограм, а субвенцијата од 80 на 100 денари. Во 2024 година за прв пат се утврдени и постигнати рекордни откупни цени за двете најзастапени вински сорти грозје – Вранец и Смедеревка. Објавен е јавен повик за Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделската дејност“, со доставени 254 апликации. Министерството овозможи силна поддршка за научно-образовните институции, со вкупна вредност од 61.500.000 денари.

    Поддршката е доделена и на здруженија за организирање на локални настани и манифестации, во 2024 година – 56 здруженија со вкупна поддршка од над 6.600.000 денари и во 2025 година – 54 здруженија со вкупна поддршка од над 10 милиони денари. Во првиот квартал од 2025 година е регистриран раст на откупот и продажбата на земјоделски производи, како и раст на извозот од 5 проценти.

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа дека земјоделецот повторно има партнер во институциите. По години на застој, се враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец.

    Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема план како до повисоки плати и економски развој

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема план како до повисоки плати и економски развој

    СДСМ бара референдум за рударските проекти во засегнатите општини

    СДСМ бара референдум за рударските проекти во засегнатите општини

    Мицкоски од Њујорк: ЕУ не смее да го условува македонскиот идентитет

    Мицкоски од Њујорк: ЕУ не смее да го условува македонскиот идентитет

    СДСМ со нови обвинувања: Договор од 13,2 милиони евра поврзан со

    СДСМ со нови обвинувања: Договор од 13,2 милиони евра поврзан со

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: Не може да бара повисоки плати, а да е против инвестиции

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: Не може да бара повисоки плати, а да е против инвестиции

    Стефанија Кузмановска избрана за нова претседателка на СДММ

    Стефанија Кузмановска избрана за нова претседателка на СДММ

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема план како до повисоки плати и економски развој

    22/09/2026

    СДСМ бара референдум за рударските проекти во засегнатите општини

    22/09/2026

    Мицкоски од Њујорк: ЕУ не смее да го условува македонскиот идентитет

    22/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.