Во општина Кисела Вода започна акцијата за чистење на парковите и јавните зелени површини. Овој зафат е почнат од улица „Коперникова“ во Драчево.
-Активностите се реализираат согласно претходно договореното со ЈП „Паркови и зеленило“ и ќе траат една недела, доколку дозволат временските услови. На терен се ангажирани сите екипи и механизација. Се собира лисна маса. Се расчистуваат паднати гранки и отпадоци. Се поткаструваат и отстрануваат суви и проблематични дрвја. Се уредуваат јавните тревници во сите урбани и месни заедници, информира градоначалничката на оваа општина Бети Стаменкоска Трајкоска.
Таа објасни дека истата акција во текот на утрешниот ден ќе продолжи на улиците „Народни херои“ и „Пушкинова“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
