Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Минчев порача: Тежнееме кон реална застапеност на етничките заедници, не ни треба „балансер“
    Политика

    Минчев порача: Тежнееме кон реална застапеност на етничките заедници, не ни треба „балансер“

    26/06/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    –Правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија, согласно со Охридскиот рамковен договор, нема бегање од тоа и ќе се спроведувам тоа, изјави денеска Горан Минчев, министер за јавна администрација.

    Тој, во македонското Собрание, одговори на пратеничко прашање на Елми Азири од опозициската коалиција „Европски фронт“. Азири рече дека предложениот закон за соодветна и правична застапеност нема да ја помине предвидената парламентарна процедура.

    –Законот има недостатоци и тој не е ставен на увид пред пратениците со намера да не може амандмански да се дејствува, бидејќи прво бил испратен за мислење во Венецијанската комисија, нагласи Азири, додавајќи дека законот, кој има само три страници, е испратен во Венецијанската комисија без да бидат запознаени пратениците со неговата содржина.

    Минчев одговори дека не е коректно да се кажува за едно ново законско и суштинско решение и прејудицира дека нема да има своја употреба.

    –Законот е готов и откако ќе се добие сублимат и став од Венецијанската комисија, ќе се најде пред пратениците. По добивањето мислење, правичната застапеност ќе се регулира со подзаконски акти, нагласи министерот.

    Тој напомена дека пред неговото преземање на функцијата, алатката „балансер“ не била според законските одредби, а на седницата на минатиот состав на Владата, ДУИ искажала констатација дека „балансерот“, како алатка за правична застапеност, се злоупотребува и има изминат рок.

    –Правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија, согласно со Охридскиот рамковен договор. Нема бегање од тоа и ќе се спроведува тоа. Како Влада, дадовме збор дека по укинувањето на „балансерот“ од страна на Уставниот суд, не треба да се брза со ново решение и да нема злоупотреби. Рековме дека ќе одиме полека и сериозно, рече Минчев, додавајќи дека во изработката на законот биле вклучени експерти по уставното право, со што ќе се избегне спротивставеност со други закони.

    Според министерот Минчев, методологијата ќе биде тема на разговори во кои ќе се разгледува дали ќе биде таа дел од постојните закони или во новиот закон.

    –Ние тежнееме да имаме реална застапеност на етничките заедници. Ние сме мултиетничко општество, ќе го обезбедиме тоа многу подобро од претходната владејачка гарнитура и ќе обезбедиме методолошки решенија како најдобро да функционира тоа, рече Минчев.

    Опозициската ДУИ и денеска изрази сериозна загриженост во врска со донесувањето на законот за праведно и соодветно застапување. Оттаму ги наведуваат ставовите на Мерсим Максути, правен експерт, кој прво беше дел, а потоа се повлече од работната група што го изработуваше законот.

    –Предлогот за законот е скандалозен, непрактичен и спротивен на Уставот, не гарантира никаква понуда за застапеноста на етничките заедници. Предложеното координативно тело е фарса, немоќно, без јасно дефинирана политичка насока и без реална компетентност да преземе одговорност од институциите. Недостигот на санкции и правна одговорност го прави овој закон пропаганден документ, без обврзувачка моќ и без реално влијание, наведе Максути во своето јавно обраќање.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.