Минатата година екипите на ЈП Комунална хигиена подигнале и транспортирале вкупно речиси 22.000 кубни метри отпад од стотици диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е отстрането во скопските општини Центар и Чаир.
„Екипите на Претпријатието речиси секојдневно интервенираа на неколку локации каде што се одлага отпад на јавни и на сообраќајни површини, најчесто на Пластичарската улица, веднаш крај детското игралиште, каде што континуирано се отстрануваа големи количества непрописно одложен кабаст, градежен и мешан отпад, соопштија од претпријатието.
Од таму инфомираа и дека нивната Еко-патролата напишала 607 казни за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
