Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Сведоштво за „Пулс“ што ја кине душата: Од петмина другари, само јас останав жив
    Република

    Сведоштво за „Пулс“ што ја кине душата: Од петмина другари, само јас останав жив

    26/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со солзи и тешки емоции, Мартин Китанов од Оризари сведочеше пред судот за драматичните моменти во кои успеал да се спаси од катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но и за болката по загубата на четворица блиски другари со кои таа вечер излегле да го прослават раѓањето на синот на еден од нив.

    Китанов раскажа дека од петтемина другари кои биле заедно таа ноќ, само тој преживеал. Тројца од нив му биле пријатели од детството, а четвртиот исклучително близок пријател, за чија смрт, како што рече, сè уште не знае како точно се случила.

    Групата најпрво била во кафеана, а потоа заминале во дискотеката. По активирањето на прскалките, поминале минута или две пред пејачот Панчо да ги повика присутните да излезат надвор. Во тој момент, просторот веќе бил исполнет со чад, а видливоста речиси целосно исчезнала.

    Сите тргнале кон излезот и брзо стигнале до таканаречената „каубојска врата“, но таму настанал целосен хаос. Китанов се сопнал меѓу вратите и паднал, по што врз него почнале да паѓаат и други луѓе. Неколкумина лежеле еден врз друг, а зад нив продолжиле да паѓаат нови лица, создавајќи силен притисок.

    Првиот што се обидел да му помогне бил обезбедувачот Лазар Захариев, но не успеал да го извлече поради големата тежина и метежот. Китанов раскажа дека не можел да дише, дека градите му биле целосно притиснати и дека во тие моменти бил свесен колку е сериозна ситуацијата, но си повторувал дека ако луѓето бидат тргнати од него, ќе преживее.

    Во хаосот забележал и пожарникари кои се приближувале, што му дало надеж, но ниту тие не успеале веднаш да го извлечат. Нозете не ги чувствувал, болките биле силни, а силата полека го напуштала. Во тие моменти, помислата на неговите две деца, како што рече, му дала сила да издржи и да продолжи да дише.

    На крајот, едно момче му притекнало на помош и со огромен напор успеало да го извлече надвор. Китанов излегол без патики, со скината облека, изгребан и крвав. И покрај повредите, сакал да се врати назад за да ги побара другарите, но присутните му рекле дека ја губи силата и дека мора да остане надвор.

    Со последни сили стигнал до блиска бензинска пумпа, каде што работел негов пријател. Таму се обидувал повеќепати да ги добие другарите на телефон, но никој не одговорил. Подоцна бил пренесен дома, а потоа и на лекување во болница „Систина“, каде што, покрај медицинска нега, добил и психолошка поддршка.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.