Започна изградбата на амосферска канализација на ул. „Томе Арсовски” во населбата Бирарија во Кисела Вода. Од општината инфомираат денеска дека проектот треба трајно да го реши проблемот со задржување и собирање на отпадните води, кои предизвикуваат проблеми при обилни врнежи од дожд.
-Изградбата и обновата на подземната инфраструктура, како што е и денешниот проект, се од суштинско значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и за долгорочен, одржлив развој на општината- истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
