Започнува второто полугодие во училиштата низ Македонија. Од денеска учениците се во своите училници, наставниците почнуваат со нови предавања, но и со воспитување и оценување на школарците.
Ќе има ли подобрување на сето тоа во вториот дел од оваа учебна година? Општо познато е дека стекнатите знаења и вештини на учениците не се баш на задоволително ниво.
Потребно е попосветено работење на наставниците, а воедно и подобро и посоодветно оценување. Премногу има одлични ученици кога ќе им ги погледнеш свидетелства, а многу од нив на тестирања или потоа во повисоките одделенија тоа не го покажуваат.
Почетокот на второто полугодие е одличен термин да заврши подарувањето на петки. Наставниците треба да се построги, а родителите пак пообјективни и треба да намалат со притисокот нивните деца мора да имаат пекти и кога тоа не го заслужуваат.
Образование кое прави лажни одликаши не носи прогрес на една земја.
