Во духот на празниците и христијанските вредности што ги симболизира Свети Василиј Велики, Општина Ѓорче Петров реализираше хуманитарна активност насочена кон поддршка на социјално-загрозените семејства.
Со поддршка на општествено-одговорни компании, обезбедени биле над 100 пакети со храна и хигиенски средства, како и празнични пакетчиња за најмладите, кои беа распределени на семејства на кои помошта им е најпотребна.
Од општина Ѓорче Петров велат дека и понатаму ќе продолжи со слични активности.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
