Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Регистрирани 1.725 случаи на заболени од грип
    Република

    Регистрирани 1.725 случаи на заболени од грип

    08/01/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Регистрирани се 1.725 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип во периодот од 29 декември и 4 јануари, што е за 2,2 пати повеќе споредено со претходната недела кога бројот на пријавени лица бил 771. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со истата недела минатата сезона кога бројот бил 331, е зголемен за 5,2 пати, а споредено со истата недела во последните 15 сезони, зголемувањето е за 38,7 проценти, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

    Директорката на Институтот, Марија Андоновска денеска изјави дека согласно податоците, во Македонија има висок интензитет на вирусот на грип со очекување на натамошно зголемување во наредниот период. Според неа, ова не е ништо ново со оглед на периодот со празници, прослави и собирања и е нешто кое е очекувано.

    – Пикот на грип се очекува во втората половина на месецов и првата половина на февруари. Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека бројот на заболени од грип може да биде зголемен. Пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Во однос на возрасната дистрибуција 749 лица се на возраст меѓу 15 и 64 години, 618 се деца на возраст од пет до 14 години, 229 се деца на возраст до четири години и 129 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца е регистрирана кај деца на возраст од пет до 14 години – рече д-р Андоновска.

    Посочи дека пријавите за заболени ги добиле од 18 места и според добиените податоци најмногу заболени се регистрирани во Скопје – 716, во Тетово – 339, во Куманово – 150, во Велес – 109, во Штип – 60, во Дебар – 54, во Гостивар – 49, во Прилеп – 45, во Охрид – 44, во Битола – 40, во Струмица – 38, а во останатите градови како Кавадарци, Неготино, Струга, Демир Хисар, Виница, Македонски Брод, Радовиш бројот на заболени е помал од 30.

    – Во Дебар се бележи многу висока активност на грипот, во Велес и Тетово се бележи висока активност, средна активност е регистрирана во Скопје, Куманово и во Штип, а во десет единици се бележи сезонска регуларна активност, додека во две единици како Радовиш и Демир Хисар се бележи многу ниска активност на вирусот на грип. Во досегашниот тек од почетокот на сезоната не се регистрирани починати лица кои асоцираат на грип. Се забележува значително зголемување на бројот и инциденцата на заболувања слични на грип на неделно ниво. Во текот на првата недела од годинава за првпат во сезоната е регистрирана средна активност на грипот на национално ниво – рече д-р Андоновска.

    Во однос на општите мерки, таа појасни дека тие кои не се заболени да избегнуваат собири, престој во простории, молови каде има голем број луѓе, да се избегнува контакт со заболени или луѓе со симптоми на кивање и кашлање, често да се мијат раце со сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни стилови, редовно пиење вода, да се консумира лесна храна, витамини и минерали.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.