Прва Скопска ТВ според анализа на редакцијата, но и според коментарите на социјалните мрежи од нашите гледачи и читатели на веб страната направи селекција на она што е неопходно да му се случи во Светот во 2026 година. Еве ги десетте топ приоритети:
1.Запирање или значително намалување на војните и вооружените конфликти
Оваа година неопходно е да вродат со плод напорите за стопирање на воените конфликти пред се во Украина и Газа. Војната во Украина треба да заврши со постигнување мир, во појасот Газа треба да се се почитува договореното од мировниот план. Потребено е насочено внимание и кон многу меѓуетнички судири воафричките држави. Дипломатски напори треба да се вложат и околу смирување на тензиите меѓу САД и Венецуела, како и меѓу Кина и Тајван.
2.Стабилизација на глобалната економија и инфлацијата
Граѓаните ширум светот и понатаму ги чувствуваат последиците по Ковид периодот, изразени преку пад на економијата, екстремно задолжување надржавите, инфлација и економската несигурност. На ова се надодаваат и војните и царинските бариери кои си ги наметнуваат државите. Во 2026 потребни се координирани политики што ќе ја намалат ценовната нестабилност без нови социјални шокови. Економскиот раст мора повторно да се почувствува во секојдневниот живот.

3.Реформа и зајакнување на меѓународните институции
Повеќето меѓународни организации минатата година беа со бавни реакции и полни со политички блокади иако разни кризи го стискаа светот. 2026 треба да биде година на нивна функционална реформа. ОН, ЕУ, НАТО, Г7 и другите големи организации треба поискрено да се насочат кон решавање на кризите, отворените прашања и повеќе да се насочат кон хуманитарни мисии. Светот без силни глобални институции, во кои граѓаните ќе имаат доверба, ќе стане место на хаос каде што владее правото на посилниот.
4.Сериозен напредок во еко-заштитата на планетата
Планетата е многу малтретирана од човекот и неговите војни, стопанство и негрижа. Климатските промени веќе не се предупредување, туку реалност. Светките организации, лидерите, а особено поразвиените држави во 2026 мора да сватат дека се потребни итни мерки и мерливи резултати во намалувањето на емисиите на штетни гасови, а потребна е и глобална стратегија против загадувањето и зачувувањето на изворите на питка вода. Најразвиените земји треба и да го прават она за кое им држат еколошки лекции на малите земји.
5.Контрола и етичка регулација на вештачката интелигенција
Контролата и етичката регулација на вештачката интелигенција е една од најкритичните светски задачи за 2026 година. Без јасни правила, таа може од корпорации или државни системи да се користи за масовен надзор, манипулација или дискриминација. Регулацијата мора да ги штити човековите права, а истовремено да не ја блокира иновацијата. Во 2026 година, мора да се постават јасни механизми за одговорност и транспарентност. Само со етичка регулација, вештачката интелегенција може да стане алатка за напредок, а не закана за човештвото.

6.Борба со гладта и за безбедност на храната
Се уште има многу гладни на планетата. Богатите земји во оваа година тоа треба да го сузбијат за доброто на сите. Нужно е и подобрување на глобалната безбедност на храната и нејзиниот проток во време на климатски промени, воените конфликти и економска нестабилност. Обновливото земјоделство, ефикасните синџири на снабдување и складирањето се неопходни за да се намали ризикот од гладување, но и недостаток на вода.
7.Намалување на нееднаквоста во развојот меѓу државите, но и внатре во нив
Намалувањето на нееднаквоста во развојот на државите, но и нееднаквоста внатре во државите е предизвик за глобалната стабилност во 2026 година. Големата разлика меѓу богатите и сиромашните создава социјални тензии и политички екстремизам.
Ако економскиот раст не се чувствува еднакво кај сите граѓани, довербата во институциите еродира. Платите, пензиите и пристапот до основни услуги мора да бидат фер и одржливи. Нееднаквоста меѓу државите, особено помеѓу развиените и помалку развиените региони, ја зголемува глобалната нестабилност и миграциските притисоци.
8.Справување со миграциските кризи на хуман начин
Справувањето со миграциските кризи на хуман начин во 2026 година е еден од клучните тестови за зрелоста на современиот свет. Миграцијата не е привремен инцидент, туку долготрајна последица на војни, сиромаштија и климатски промени. Неопходни се јасни и функционални механизми за регистрација, распределба и интеграција.
Начинот на кој светот ќе се однесува кон мигрантите во 2026 година ќе покаже дали човечноста сè уште има место во глобалната политика.

9.Ограничување на нуклеарното и конвенционалното вооружување
Ограничувањето на нуклеарното и конвенционалното вооружување е супер важно прашање за глобалната безбедност во 2026 година. Не смее да се влезе во нова трка во вооружување, поттикната од недоверба и геополитички ривалства. Зголемувањето на воените буџети оди на сметка на образованието, здравството и социјалната стабилност. Во 2026 потребна е обновена дипломатска волја за разоружување и транспарентност.

10.Поголемо инвестирање во образование и научна соработка
Инвестирањето во образование и научна соработка е најсигурната долгорочна инвестиција што може да ја направи човештвото. Знаењето станува клучен ресурс за опстанок и развој. Образованието не смее да се третира како трошок, туку како темел на економската и демократската стабилност. Во 2026 година, потребно е поголемо поврзување на универзитетите, истражувачките центри и индустријата. Без силно образование и наука, иднината ќе биде управувана од незнаење, а не од визија.
