Бадниковите поворки претпладнево традиционално пристигнаа за свечена средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Тие ја пееја песната „Вечниот Бог“, којашто ја најавува радосната вест за Христовото раѓање, Спасителот на светот.
Архиепископот г.г. Стефан ги даруваше децата со благослов и пригодни подароци, пренесувајќи ја пораката за верата, љубовта и духовната радост – вредности што Бадниковите поворки ги негуваат и пренесуваат веќе 16 години.
Како што посочуваат организаторите на Бадниковите поворки, оваа средба уште еднаш ја потврдила длабоката врска меѓу духовното наследство, кадешто новите генерации кои во се поголем број се свртуваат кон верата Христова и Неговата Црква.
Вакви слични настани се одвиваат во уште 80 градови и населени места низ земјава и во македонската дијаспора.


