Родителите на загинатите во астрофалниот пожар во Кочани се сомневаат во токсиколошките анализи при обдукцијата. Тие сметаат дека се потребни дополнителни вештачења. Ова пред почетокот на денешното судско рочиште го изнесе Александар Наунов, татко на едно од загинатите деца.
Тој искажа сомнеж дека причина за смрт е и присуството на цијанид во телата на загинатите, но тоа, како што рече не е утврдено со форензичките анализи на МВР.
Според анализите на кои се повикува Обвинителството, како што рече Наунов, смртта на жртвите настапила како последица на труење со јаглероден моноксид.
Инаку, во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за кочанската трагедија во која на 16 март годинава загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: