Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Откажани и доцнат летови од скопскиот аеродром, магла и на патиштата
    Република

    Откажани и доцнат летови од скопскиот аеродром, магла и на патиштата

    21/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Густата магла во скопската котлина и вечерва предизвика откажувања и доцнења на летовите од Меѓународен аеродром Скопје, додека намалена видливост е регистрирана и на дел од патните правци низ државата.

    Според информациите од веб-страницата на ТАВ Македонија, откажани се вечерните летови од и за Истанбул, Цирих и Франкфурт, а дел од останатите летови се со статус на задоцнето полетување и слетување. Претходно од аеродромскиот оператор соопштија дека поради маглата, во периодот од полноќ до 12 часот напладне денеска биле откажани 20 летови, еден лет бил пренасочен, а во 11 часот успешно слетале авионите од Дортмунд и Виена.

    Вчера, во периодот од 00:00 до 18 часот, биле евидентирани 16 откажани и 11 пренасочени летови, додека по подобрувањето на временските услови во попладневните часови слетале и полетале по три авиони.

    Од Авто мото сојуз на Македонија информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 30 метри има на патниот правец Жировница – Луково, а до 150 метри во околината на Тетово, Штип, Петровец и Демир Капија. Од АМСМ потсетуваат дека е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови.

    Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека маглата ќе се задржи по котлините до крајот на денот, а појава на магла се очекува и утре и задутре. Кон крајот на утрешниот ден и во наредните денови, под влијание на влажни воздушни бранови, ќе има повремени локални врнежи од дожд, на места пообилни, додека на планините и повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.