Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Мицкоски со најголема доверба, според најновата анкета на ИПИС
    Република

    Мицкоски со најголема доверба, според најновата анкета на ИПИС

    20/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Според најновото истражување на Институтот за политички истражувања (ИПИС) „Перцепција на граѓаните за рејтинг на партии и политичари“, доколку следната недела се одржат парламентарни избори, најмногу граѓани би гласале за владејачката ВМРО-ДПМНЕ – 26 проценти. Опозициската СДСМ би добила 8,9 проценти, а следат Коалиција ДУИ со 8,9 проценти, Коалиција ВЛЕН со 8,2 проценти, Левица со 5,9 проценти, ЗНАМ со 3,9 проценти, додека за друга партија би гласале 1,7 проценти. За ниедна партија нема да гласаат 13,1 процент, 11 проценти не сакале да одговорат, а 11,7 проценти не знаат или немаат став.

    На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“, 27,3 проценти од испитаниците го навеле претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мнозинството од испитаниците, 25,5 проценти, одговориле – ниеден, а 9,5 проценти не знаат или немаат одговор. Потоа следуваат лидерот на ДУИ, Али Ахмети со 9 проценти, претседателот на СДСМ, Венко Филипче со 5,1 процент, Димитар Апасиев од Левица со 5 проценти, Максим Димитриевски со 3,8 проценти, Изет Меџити со 3,5 проценти, Билал Касами со 2,8 проценти, Африм Гаши со 2,3 проценти, претседателката Гордана Сиљановска Давкова со 2,1 процент, поранешниот претседател Стево Пендаровски со 1,3 проценти и поранешниот премиер Никола Груевски со 1,1 процент

    Во однос на работата на Владата, 26,1 процент од испитаниците имаат позитивно мислење, 26 проценти – донекаде позитивно, 23,4 проценти – негативно, а 17,9 проценти – донекаде негативно.

    Мнозинството од граѓаните ја поддржува примена на системот „Безбеден град“, односно поставување камери за мерење на брзина и други сообраќајни прекршоци. Цели 63,9 проценти изразиле целосна поддршка, 12,6 проценти донекаде да, 7,5 проценти – не воопшто, а 5,2 проценти – донекаде да.

    Истражувањето е спроведено преку телефонска анкета меѓу 1.114 полнолетни испитаници на ниво на целата држава од 15 до 18 декември 2025 година. Примерокот бил случаен и стратификуван за да се обезбеди репрезентативност според пол, старосна група, образование, етничка припадност и место на живеење, со посебно земено Скопје како целина.

    ИПИС нагласува дека истражувањето е финансирано од сопствени средства и е спроведено со цел анализа на рејтинзите на партиите и довербата во политичките лидери.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.