Во тек е генерално чистење на целата општина Кисела Вода која се спроведува втор ден по ред. Од општината информираат дека во акцијата се ангажирани околу 30 сезонски работници и моментално е фокусирана на урбаните заедници „11 Октомври – бараки” и „11 Октомври – згради”.
На теренот е обезбеден целокупниот потребен алат со соодветна механизација и специјализирани возила за чистење. Се чистат улици, тротоари, јавни и парковски површини, како и паднатите лисја. Акцијата ќе продолжи и во наредниот период сè додека не бидат исчистени сите населби во општината.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
