Од денеска, по вчерашната оставка на државниот јавен обивнител Љупчо Коцевски, почнуваат да течат роковите за избор на негов наследник.
Според Законот за јавни обвинители изборот се врши најдоцна два месеца пред истекот на мандатот на актуелниот или веднаш по празнењето на местото, како во овој случај.
Додека трае процедурата за избор на нов, вчера реагираше поранешниот судија Владимир Туфегџиќ кој оцени дека Коцевски си заминувал одфункцијата „тивко, празно, анемично и без поента”.
Денеска реагираше и ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека тој „тактизирал” со поднесувањето оставка, за да избегне расправа за неговото работење и, како што наведуваат од партијата, да го одложи отворањето на прашањата за состојбите во обвинителството.
Од владејачката партија прашаа и дали со одложувањето на оставката се „купувало време” за, како што велат, неговите „наредбодавци”, како и дали е точно дека група обвинители, предводени од Коцевски, заташкувале над 40 предмети за висока корупција поврзани со функционери од СДСМ и ДУИ.
