Еколошка акција за разубавување и раззеленување се одржа денеска на територијата на Општина Кисела Вода. Беа засадени околу 500 садници од зимзелени и други видови дрвја.
Акциите се одвиваа симултано на повеќе локации, вклучувајќи го паркот „Иднина”, дворовите на сите основни училишта, како и површини во 13 урбани и месни заедници.
Во садењето учествуваа и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, генералниот извршен директор на „ТИТАН Усје”, Костас Николау, како и голем број вработени од општинската администрација, компанијата и граѓани кои се приклучија на иницијативата.

