Скопскиот аеродром го испрати тримилионитиот патник. Тоа е голем успех и е резултат на зголемениот број на дестинации за кои значаен придонес има ресорното министерство.
– Три милиони патници на Скопскиот аеродром е историја, нешто што се случува во Македонија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој со раководството на ТАВ Македонија присуствуваше на свеченоста на аеродромот за испраќање на тримилионитиот патник.
Николоски оцени дека Меѓународниот аеродром Скопје станува центар за регионот. Сето ова го зголемува бројот на туристите, како и развој на бизнисот во Македонија. Вицепремиерот најави нови авио – линии и се надева оти следната година во овој период ќе има 3,5 милиони патници на Скопскиот аеродром.
