Скопје е премногу бучен град. Ушите на скопјани се под континуиран атак од разни страни и преизвикувачи на бучава. Речиси и да нема дел од деноноќието кога е присутна тишината која е нужна за одмор на населението.
Од општина Центар почнаа со инсталирање на уреди за мерење на бучавата на 30 локации. Ќе се ловело кое кафуле прави висока бучава.
Но, бучава не прават само кафулињата. Ќе се постават ли и мерачи на улиците каде особено моторџиите, но и возачи на бесни возила навечер прават неподнослива бука. Центарци преку социјалните мрежи прашуваат дали мерачите ќе ги мерат и децибелите од верските објекти, од градежните компании и слично.
Инаку, се наметнува и прашањето, ќе мерат ли бучава и другите скопски општини и пред се, ќе реагираат ли конкретно за неномалната гласност конечно да се нормализира.
