Инспекторатот на Град Скопје почна со сепфатна акција за воспоставување ред во јавниот превоз, ловејќи диви превозници, такси-автомобили, комбиња или автобуси, што работат без лиценци, без контрола и надвор од сите прописи.
Со акцијата, возилата кои работат нелегално ќе бидат одземани на период од шест месеци, а инспекторатот ќе изрекува казни со платен налог.
„Нашата цел е јасна и недвосмислена – да се заштитат граѓаните, да се воведе фер конкуренција и да се почитуваат законите кои важат за сите, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Тој најави секојдневни засилените контроли.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
