Театар Комедија доби обновено гледалиште со 305 нови столчиња за
публиката и нов ПВЦ-под. Реновирањето чинеше околу 9 милиони денари, а е потпомогнато и со донација на Република Полска.
Театар Комедија е отворен во ноември 2011 година и е меѓу најпосетуваните театри во Македонија. Поставени се над 50 премиери, само во оваа година имале осум. Годишно Театар Комедија има околу 120 изведби со приближно 33 000 гледачи.
Ансамблот на Театар Комедија, во моментов сцената ја дели со нивните колеги од Турскиот театар, кои чекаат да се вселат во новиот објект кој веќе една деценија е во изградба.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
